Вести Македонија

Од КОВИД починале 24 лица, нови 702 случаи

Регистрирани се 702 нови случаи на КОВИД, 1 119 оздравени и 24 починати лица од кои 21 во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на дијагностицирани е 181.620.
Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се Нови 702 случаи на КОВИД-19:

Скопје – 280, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16, Свети Николе – 14, Радовиш -13, Струга – 10, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9, Дебар – 8, Гевгелија и Берово – по 5, Кочани, Неготино и Кратово – по 4, Валандово и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Пријавени се 24 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 починати лица од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 починати лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе