Здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансамбли и културно-уметнички друштва, продефилираа низ центарот на главниот град, во рамки на одбележувањето 30 години независност.
Церемонијата почна со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ, а ќе продолжи со официјалниот дел во кој се предвидени обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.
Официјалниот дел почна со интонирање на државната химна.
Во очекување на говорите од државниот врв и крајот на манифестацијата, еве дел од атмосферата од дефилето.
