Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Бугарија ќе донира над 50.000 дози „Фајзер“ на Македонија

Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина „Фајзер“ на  Македонија.

Дозите на вакцини што ќе се донираат се со серии броеви FA7083, FC8736 и FA4632 и со рок на траење до 30 септември 2021 година. Донацијата е вредна 1.560.635 лева.

Во текот на дискусиите за ратификациите, министерот за здравство Стојчо Кацаров посочи дека доколку Народното собрание денеска не донесе одлука и доколку ја одложи ратификацијата, вакцините нема да бидат достапни за Македонија. Тој објасни дека компанијата „Фајзер“ не дозволила ниту една земја да обезбедува, продава или донира вакцини без ратификација од Народното собрание и апелираше до пратеникот Христо Гаџев од ГЕРБ-УДФ да не дава предлози за промени барем за оваа ратификација, за да не се запре донацијата.

Министерот Кацаров им објасни на новинарите дека ова е прва донација на вакцини за Македонија. Според Кацаров, требало да се изврши во јуни, но поради процедурите кои се вон наша контрола, тоа не успеало и последователно, самата Република Северна Македонија се откажала.

– Сега сум многу благодарен на Народното собрание што ги прекина игрите, рече Кацаров.

Останатите договори за донации на вакцини против Ковид-19 поради барање за предлози за измени и дополнувања на предлог-законите меѓу првото и второто читање, ќе бидат повторно разгледани за да бидат ратификувани. Рокот за поднесување предлози е три дена.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Докторка претрпела „професионално согорување“ во болницата каде работела, судот ѝ додели отштета 20.000 евра

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе