Ковид19 Македонија Најважни

По скопските училишта случаи со коронавирусот регистрирани и во Велес и во Штип

По скопските училишта, случаи со коронавирусот регистрирани и во училиштата во Велес и во Штип каде и цели одделенија се испратени во изолација. Надлежните информираат дека на помалку од една недела од старот на учебната година 0,01 процент од учениците и исто толку наставници се регистрирани како позитивни на коронавирус. Сепак и градоначалниците и минстерствата за здравство и образование тврдат дека училиштата се безбедни и не се закана за ширење на вирусот.

Се зголемува бројот на училишта кои пријавуваат деца или вработени позитивни на коронавирус. Ако до петок само во Скопје беа пријавени осум училишта, по две од  четири скопски општини со деца или вработени позитивни на коронавирус, денеска пријавен е нов случај во скопско училиште, но и надвор од Скопје.

„Денеска уште дополнително и двајца ученици – еден од Велес и тоа за првпат во внатрешноста и уште едно училиште тука со Скопје“, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Но дека во Велес не е само едно дете и не е само едно училиште, информираше лично градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

„Имаме двајца директори кои се позитивни, еден од основно и еден од средно училиште. Тројца ученици од средните училиште и шест од основните се позитивни и две одделенија се во изолација, и тоа две паралелки од гимназијата и осум ученици од основните училишта. Во изолација се тие што не се вакцинирани“, информираше Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Освен двајцата директори и деветте ученици, во Велес позитивни на корона вирус пријавени се и еден наставник, по еден педагог и психолог, како и хигиеничар во детска градинка.

Освен од Велес денеска пријава за заболени ученици и наставен кадар стигна и од Штип.

„Во ОУ ’Ванчо Прке’ имаме позитивен наставник кој што е во изолација и имаме едно одделение кое што е во изолација поради тоа што еден или двајца ученици имаат контакт со позитивен на вирус и целото одделение од претпазливост е ставено во изолација“, информира Сашко Николов, градоначалник на Штип.

Во изолациија се и уште неколку ученици од три други штипски основни училишта поради контакт со заболени во семејството, а коронавирусот влезе и во средните штипски училишта.

„Средното општинско училиште ’Коле Нехтенин’ таму имаме еден ученик позитивен и целотот одделение е ставено во изолација. Во медицинскотот училиште ’Јане Сандански’ еден ученик е на тестирање и во ’Димитар Мирасчиев’ односно во текстилното училиште имаме еден позитивен наставник кој што е во изолација“, вели Николов.

Но и штипскиот и велешкиот градоначалник велат дека бројот на заболени ученици е мал и не влијае врз текот на образовниот процес.

Дека бројката на заболени ученици е мала и оти нема ризик за децата тврди и Филипче.

„Засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката ситуација, односно здравјето на децата“, вели Филипче.

Телма во обид да добие прецизни податоци во колку училишта и во кои општини се регистрирани позитивни на вирусот, колкав број ученици и наставен кадар се ставени во изолација денеска беше пренасочувана од институција на институција по што одговор добивме од МОН, но без прецизни бројки.

„Околу 0,01% од вкупниот број на ученици и исто толкав процент и на наставници се активни случаи на заболени со Ковид-19, а деталните податоци ги поседуваат надлежните служби кои констатираат присуство на вирус кај суспектни лица и издаваат решенија за изолација“, се наведува во одговорот од МОН.

Инаку само за споредба, во учебната 2020/2021 година вкупно во основните и средните училишта во земјава биле запишани 259.366 ученици.

Инаку од Министерството за образование во одговорот за Телма наведуваат дека и покрај заболените ученици и наставници училиштата не се трансмитери на заразата и оти при појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши ја повика опозицијата да гласа за Законот за правична застапеност

Tea Dimkovska

Долго собирам материјал, а потоа пишувам во манично – трескавична состојба, открива Дејан Дуковски автор во фокусот на „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Трошоците за живот повисоки за околу 5 отсто, најмногу поскапеле транспортот и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе