Ковид19 Македонија Најважни

15 годишно девојче од Тетово, најмладата жртва на коронавирусот во Македонија

Петнаесетгодишна девојка од тетовското село Селце почина на Инфективната клиника поради компликации предизвикани од коронавирусот. За да биде трагедијата уште поголема, од вирусот починала и нејзината мајка, неколку дена пред таа да биде хоспитализирана во исклучително тешка состојба.

Мајката и ќерката заболеле кон средината на минатиот месец. Не биле вакцинирани. Состојбата нагло се влошила кај нејзината мајка која починала а потоа почначе и компликациите и кај девојчето. Пред седум дена е примена на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба. Таа имала прекумерна тежина што дополнително ја отежнувала борбата на лекарите за нејзиниот живот.

На клиниката вчера почина и 22 годишно момче од кумановско Агино село. И тој не бил вакциниран а заболел на семејна прослава. Немал коморбидитети а десетина дена имал благи симптоми пред нагло да му се влоши состојбата и по една ноќ мината во болницата во Куманово да биде префрлен на Инфективна.

Според Стевановиќ, се зголемува бројот на млади, под 18 години, кои заболуваат од  вирусот.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 160 пациенти а петанесетина примиле една или две дози вакцина. Ниваната слика е далеку полесна вели доктор Стевановиќ која апелира граѓаните да се вакцинираат.

Заклучно со вчера, според официјалните податоци на здравствените власти, првата доза на вакцина ја примиле 728 илјади граѓани а целосно со две дози вакцинирани се 539 илјади граѓани.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова ограда за заштита на градилиштето кое проголта тротоар

Tea Dimkovska

Oслободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, судот оцени – одговорноста е кај полнолетниот возач и не може да се припише на друг

Дејан Дејан

Пратениците во „доверливост“ и без да им биде откриен идентитетот ќе се советуваат за да работат етички- со новиот Кодекс не е предвидено подарок да биде максимум 100 евра 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе