Македонија Најважни

Голем број од пријавените попишувачи не дошле на закажаната обука

Стравот од пандемијата ги поколебал пријавените реонски попишувачи и инструктори па голем дел од нив не се појавиле на терминот за обука. Државниот завод за статистика апелира до нив да не се откажуваат и да дојдат на следната нова обука.

Народниот правобранител писмено се обратил до Заводот за статистика барајќи итно да се направат промени и корекција на прашалниците кои се користат при реализирање на пописот а се однесуваат на лицата со попреченост. Препораката има за цел да обезбеди реално собирање на податоци за оваа категорија лица за да може во иднина да се креираат политики за нивно активно вклучување во активностите. Забелешките се дека прашањата биле премногу општи и не може во целост да се препознае дали некое лице има каква било попреченост. Кај слепите лица на пример, особено оние кои живеат сами без асистенти може да се доведе во прашање веродостојноста на дадените одговори.

За овие прашања во текот на неделава ќе се одржи и средба во заводот за статистика.

Од Dржавниот завод за статистика уверуваат дека најголемата статистичка операција ќе се врши по сите протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба. Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите. Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Возел 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар на место на кое е дозволено 80 – возачот приведен, возилото одземено

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе