Вести Македонија Најважни

Вакцините стигнаа и во Мариово, жители малку, но сите сакаат да се вакцинираат

90 годишниот Дојчин Дамјановски од мариовско Маково, од рано наутро  на скалите од селската амбуланата го чекаше  тимот за вакцинација од Здравствениот  дом  Битола.

-Сите мои деца, мојата фамилија од 25 члена, сите се вакцинирани, ќе се вакцинирам и јас. Добро е што дојдоа тука, јас не можам Битола да одам. Од 8 часот тргнав да дојдам до овде, малку да одморам, па вакцина да примам, рече Дојчин Дамјановски од Маково.

Вакцините против КОВИД 19 стигнаа до најодалечените села во битолскиот дел од Мариово, каде самуваат уште малкумина жители, повеќето во длабока старост

-Жителите од мариовските села велат  дека сакаат да се вакцинираат за да можат да ги гледаат своите деца и внуците кои живета во големите градови 

Матичниот лекар Живко Даскаловски, кој се грижи за нивното  здравје  вели дека дел од населението е  имунизрано во Регионалниот пункт, за останатите е организирана теренската вакцинација.

-Заедно со Општина Новаци направивме плакати и се наредени по сите села. Точно со датум и час кога ќе дојде екипата. И усно им кажувавме на луѓето. Ние сме тука, кој ќе дојде ќе видиме, вели Живко Даскаловски, матичен лекар во Мариово.

Мештаните од   Маково, Рапше, Градешница, Зовиќ, Старавина, точно навреме, во закажаниот термин доаѓаа на сред село за да се вакцинираат.

Цел свет се вакцинира, јас не ќе се тргам настрана од народот, вели Митра Трајковска, од Маково

 

Добро е затоа што нема превоз да одиме Битола, овде теренски, подобро е вака, вели Виолета Митевска од Рапеш.

По вакцинацијата медицинскиот тим со совети и препораки за оние кои се одлучија да ја примат вакцината против короанвирусот

За температура до 38 степени нема да земата ништо, само ако е поголема од 38.  Алкохол да не пиете неколку дена, а исхраната е  нормална. Тој што зема хронична терапија, ќе си ја зема редовно, рече др. Алекандра  Мондовска Петровска, лекар

Со теренската вакцинација во битолскиот и новачкиот регион досега се опфатени 2000 жители.  Од следната недела мобилните тимови од Здравствениот дом ќе ги посетат населените места од општина Могила.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе