Вести Македонија

Возачите да возат одморени, апелираат од РСБСП

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите да бидат одморени поради високите температури во кои  условите за возењето и патувањето стануваат се потешки и бараат многу повеќе внимание, концентрација и фокусираност.

– Високите летни температури влијаат на способноста на возачот, влијаат на техничката исправност на возилото, а секако влијаат и на условите на патот. Тие негативно влијаат на способноста за управување на моторно возило и придонесуваат за појава на замор, дефокусираност и пад на концентрацијата кај возачите, наведува РСБСП.

Апелира возачите да избегнуваат да патуваат во период од денот кога температурите се највисоки односно да патуваат во раните утрински или доцна попладне/приквечер.

– Внимавајте на температурата во возилотo односно внимавајте на температурните разлики и правете постепена адаптација и аклиматизација при влегување или излегување од возилото. Се препорачува разликата на температурата во возилото и надвор од возилото да не биде поголема од седум Целзиусови степени.  Планирајте го вашето патување на време и патувајте наспиени и одморени. Избегнувајте да патувате во часовите предвидени за спиење. Ниту еден кофеински или енергетски производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат, наведува РСБСП во апелот до возачите.

Ги советува и да консумираат повеќе течности (особено вода) и да прават минимум 15 минути пауза на секои два до три часа активно возење.

– Не ги преценувајте вашите возачки способности и не го потценувајте заморот. Веднаш штом ги почувствувате првите знаци на замор, запрете го возилото, и направете кратка пауза, нагласува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Високите температури влијаат и на условите на патот и поради тоа РСБСП апелира да се намали брзината и да се држи безбедно растојание затоа што во услови на високи дневни температури поради намаленото триење на пневматиците и коловозната површина, сопирачкиот пат на возилото е подолг.

– Возењето во летни услови носи многу предизвици. Обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани за патување, да се приспособат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. За ваша безбедност, и за безбедноста на вашите најмили, бидете одговорни во сообраќајот. Вози одговорно – Вози одморен!, пишува во апелот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе