Вести Македонија

Запленета марихуана вредна 150.000 евра, меѓу уапсените и двајца екс полицајци

Полицијата пресече меѓународен канал за трговија со дрога, при што во акцијата се уапсени пет лица од Гевгелија, Валандово и Струга, од кои двајца поранешни вработени во МВР, и е запленета дрога марихуана во вредност од околу 150.000 евра.

Како што соопшти МВР, акцијата, спроведена вчера, е резултат на спроведена истрага почнувајќи од минатиот месец од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Албанија преку територијата на земјава кон Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана е М.А. (50) од Гевгелија.

– Во текот на истрагата беа добиени информации и податоци дека овие лица во периодот од 19.07.2021 година ќе организираат пренос на поголема количина марихуана од Албанија до Струга потоа до Гевгелија, со цел истата да ја транспортираат кон Грција. На 22.07.2021, И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон с. Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од с. Ливата, Струга, кој пристигнал со возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана. Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од с.Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи, наведуваат од МВР.

Полицијата ги запрела и ја пронашла марихуаната. Дополнително, биле направени и повеќе претреси на подрачје на Гевгелија, Валандово и Струга.

Кај еден од осомничените се пронајдени и одземени и две ловечки пушки, пиштол и муниција за кои немал дозволи.

За активностите на полицијата известено е и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до каде МВР ќе поднесе и кривична пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе