Воен авион се урна на југот на Филипините, при што загинаа најмалку 45 лица, а уште десетици се извлечени живи од запалените остатоци на леталото.
Транспортниот авион превезувал повеќе од 90 лица, претежно војници, кога ја промашил пистата на островот Џоло.
Загинатите се главно воен персонал, но исто така загинаа и тројца цивили во несреќата, соопшти филипинското министерство за одбрана.
Неколку десетици лица беа повредени, а петмина сè уште се водат како исчезнати, соопшти војската.
Преживеаните се однсени во најбиската воена болница. Голема црна печурка од дим се создаде над остатоците ид авионот, марка Ц130 Херкул.
На фотографиите, објавени од државната новинска агенција, се гледаат запалените остатоци од авион закачени на дрвјата, во непосредна близина на стамбени згради.
Авионот кој слетал во 11.30 по локално време неколку километри од градот Џоло, ги транспортирал воените трупи од местото Кагајан деОро на јужниот остров Минданао.
„Ја промаши пистата, обидувајќи се да воспостави контрола, но не успеa“, рече командантот на воените сили, генерал Собејан.
Војниците беа дел од воените сили на југот на Фипините кои се бореа со исламските милитанти од групата Абу Сајаф.
Официјалните лица велат дека нема сомнежи дека авионот бил нападнат, но истрагата ќе започне откако ќе заврши спасувачката акција. Најголемиот дел од војниците се млади луѓе кои неодамна завршиле воена обука.
Авионот, кој претходно бил во служба на американското воено воздухопловство, им бил предаден на Филипинците во јануари. Тоа беше првиот од двата користени Херкулес, испорачани од САД во рамки на соработка во одбраната.
Според мрежата на воздухопловна безбедност авионот прв пат летал во 1988 година.
Билјана Ставрова
