Македонија Најважни

Заев има чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот со Бугарија  

Мала надеж за договор со Софија. Премиерот Заев во четврток ќе сретне со бугарскиот претседател Радев, но не е голем оптимист дека проблемот ќе се реши на 22 јуни. Ова ќе биде втора средба на двајцата државници за една недела, откако вчера разговарааа на маргините на самитото на НАТО во Брисел.

За македонскиот јазик и идентитет не се преговара. На маса е португалскиот предлог кој според Заев е добра основа за преговори.

Зборуваме за динамиката во месеци, години, континуитетот на сите детали од секторската соработка во делот на рамката или патната карта, интензитетот на свикување и гледањето на историската комисија од двете страни, како и за  креативниот дел на португалското претседателство која го даде предлогот за да може Бугарија да ни даде пас односно позитивен одговор на закажувањето на првата меѓувладина конференција преку усвојувањето на преговарачката рамка, вели Заев.

Посетата на Заев на Софија ќе се случи една недела пред состанокот  на Советот на ЕУ кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни кога би требало да се очекува одлука дали и кога ќе се одржи меѓувладина конференција Македонија-ЕУ.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе