Вести Македонија Топ вести

Најмногу интерес за упис во гимназиите и средното медицинско

Редици идни средношколци со почитување на сите здравствени протоколи со нетрпение чекаа да ги достават своите документи во средните училишта. Запишувањето во прва година средно образование започна денес и ќе трае во наредните три дена.  Во Скопје, најголем интерес има за запишување во гимназиите и средното медицинско училиште.  За директорката Салиу веројатно и самата ситуација со пандемијата во изминатиов период, уште еднаш потсети за важноста и улогата  на здравствените работници.

Имаме оваа година 646 слободни места и традиционално се пријавуваат двојно или можеби тројно повеќе апликанти неколку години наназад. Оваа година имаме дополнителни паралелки медицински сестри плус една паралелка на македонски наставен јазик и гинеколошко – акушерска сестра на албански јазик, вели Маја Салиу, директорка на средно медицинско училиште  “Д-р Панче Караѓозов” 

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука во јавните средни училишта слободни се 30. 053 места во 913 паралелки во 109  средни училишта. Најголем број пријавувања се забележани во гимназиите „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Ѓорѓи Димитров“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“.

Најмногу одат на природно-математичкиот смер. Оваа година повторно запишуваме 285 ученици, поточно ќе се борат за 285 места во 9 паралелки. Тоа што нас не карактеризира се билингвалните паралелки значи оние три англиски паралелки и француската билингвална паралелка, изјави Митко Димовски, директор на СУГС Гимназија „Орце Николов“

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно распоредите кои ги подготвија училиштата. Ранг-листите со резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни по 16 часот.

 Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе