Забава

Алкалоид со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј

По повод 85 јубилеј на Алкалоид, компанијата објави видеоспот со преработка на една од најпопуларните и најоптимистични македонски песни, антологиската „Чукни во дрво“.

„Чукни во дрво“ е песна за пролетта, надежта, среќата и за еланот во новите почетоци, кои во најновиот проект се заокружени под мотото „Здравјето пред сѐ“. Бендот кој во видеоспотот ја пренесува пораката на благодарност до најзасегнатите општествени категории, според замислата на режисерот Иванов, е омаж на легендарните „Битлси“ од верзијата на нивниот култен албум „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“.

Приказната во видеоспотот поаѓа од изработка на картички, кои најмалите деца ги подготвуваат во училишниот двор, а се наменети за општествените категории граѓани кои, иако беа засегнати со пандемијата, во ниту еден момент не запреа со своите дејности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бејби Лазања : Не можам да ја прифатам наградата од 50.000 евра. Го молам Пленковиќ тие пари да ги донира

Дејан Дејан

100-те највлијателни лица во светот за 2024 година

Дејан Дејан

Рок-ѕвездата Лени Кравиц ќе настапи на годинашното издание на музичкиот фестивал Охрид колинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе