Свет

Германија официјално го призна геноцидот во Намибија

После пет години разговори Германија официјално го призна геноцидот, односно на  убиството на десетици илјади луѓе во Намибија и се обврзе да плати вкупно 1,1 милијарда евра отштета, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Станува збор за периодот од 1904 до 1908 година, кога Германија како колонијален владетел во оваа јужноафриканската земја ги уништила племињата Хереро и Нама.

https://youtu.be/yANy_5jYkGI

Ние сега официјално ќе ги наречеме овие настани како што се од денешна перспектива: геноцид. Притоа, ние исто така ја признаваме нашата историска одговорност. Во светло на историската и морална одговорност на Германија, ќе побараме од Намибија и од потомците на жртвите прошка. Нашата цел е да најдеме заеднички пат кон вистинско помирување во спомен на жртвите. И тоа вклучува јасно дефинирање на настаните од германската колонијална ера во денешна Намибија, а особено на злосторствата помеѓу 1904 и 1908 година- изјави Хајко Мас, германски министер за надворешни работи .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еднонеделни погребни церемонии за Хаменеи – милиони луѓе ќе се простат од врховниот лидер

Дејан Дејан

Сè помала надеж за преживеани во Венецуела

Tea Dimkovska

Украинка маскирана во маж, главна осомничена за бомбашкиот напад во Монако

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе