Вести Топ вести

Радев е за поинтензивен дијалог, Пендаровски бара дијалог на рамноправни

Бугарскиот претседател Румен Радев не гледа потреба од посредници за затворање на прашањето со Македонија. Радев кој заедно со макеоднскиот претседател Стево Пендаровски во Рим го чествуваа денот на Св. Кирил и Методиј, е на став дека за него поважна е меѓусебната комуникација меѓу двете земји.  Според него европската идеја на Македонија има перспектива.

„Европската идеја на Македонија има перспектива, но треба да работиме и двете земји со уште поголема доверба, со уште поинтензивен дијалог. Ние, двете држави, помеѓу нас, треба да ги решиме тие нешта. Не во Брисел, не во Берлин, не во Париза. Таму на крајот ќе го документираме, но ние треба заедно да го решиме…. Немаме потреба од посредници, ние сме си најблиски. Ако се вклучи европска земја ќе треба преведувач, а за што ќе ни е преведувач. Комуникација со Европа тече, а најважно е комуникацијата и довербата меѓу нас“, порача Радев.

И Пендаровски е на став дека оторените прашања можат да се решат само преку дијалог, но доколку и двете страни се рамноправни во разговорот.

„Напредок прогрес во сечиј народ и држава е возможен само ако во дијалог влегуваат двајца рамноправи соговрници, без надценување и потценување, туку со почит бидејќи над сме се луѓе“, изјави Пендаровски во Рим.

Намерата на двајцата претседатели, вели Пендаровски е, да покажат дека и на Балканот има луѓе кои можат да збориваат со европски јазик кога зборуваат за нивните проблеми и нивната иднина иднина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цените на недвижностите растат, но со намалено темпо

Sonja Petrusevska

Украинка маскирана во маж, главна осомничена за бомбашкиот напад во Монако

Sonja Petrusevska

Собранието го усвои новиот Закон за парнична постапка

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе