Свет Топ вести

Ердоган најави нова ера во односите Турција – САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави подобрување на односите со САД и ги повика големите американски корпорации да соработуваат повеќе со Турција.

Ердоган истакна дека се надева оти најавената средба со американскиот претседател Џо Бајден ќе овозможи отворање на нова ера во односите меѓу Анкара и Вашингтон, што се многу тензични од 2016 година.

– Убеден сум дека состанокот со Бајден на Самитот на НАТО на 14 јуни ќе биде најава за нова ера во нашите односи, истакна Ердоган на видео-конференција со директорите на американски компании.

На состанокот, на кој присуствуваа директорите на Боинг, Амазон, Мајкрософт, Пепси, Циско, Проктор и Гембл и Џонсон и Џонсон, Ердоган им се заблагодари на компаниите што веруваат во Турција и додаде дека очекува САД да бидат поконструктивни во таа соработка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Шанса за Центар“ алармира: Нов ДУП за Барутана носи ризик од ерозија на Водно

Tea Dimkovska

Пожар се шири на Исарот во Штип

Sonja Petrusevska

Еднонеделни погребни церемонии за Хаменеи – милиони луѓе ќе се простат од врховниот лидер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе