Ковид19 Топ вести

16 починати и нови 51 случаи Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 84 оздравени пациенти од:

Скопје – 46, Куманово – 7, Битола – 5, Прилеп, Гостивар и Делчево – по 3, Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево – по 2, Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).

Од пријавените, 5 лица  се починати  во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година.

Направени се 4.060 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-105, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-15, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–67, МАНУ-75, Жан Митрев (Филип Втори)-283, Авицена -447, Биотек-527, Систина-245, лабораторија Лаор-660, Синлаб-97, Ремедика-69, Плодност–66, Генеа–89, Никоб лаб-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 757.

Досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе