Македонија Најважни

Амнестија за дивите градби и урбаната мафија – законот ги обедини власта и опозицијата

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски практично ќе биде амнестиран за бесправно градење на објектот за општинската администрација. Нема да одговараат ниту новинарот Латас и неговите браќа за нелегалните куќи во Зелениково. Ќе падне во вода и кривичната пријава за објектот спроти Американската амбасада. А ќе куртули и сопствениокот на градбата кај Мавровка и многу други.

„Договор куќа гради“- старата народна, се потврди во пракса – во собранието. Со гласот на 72-ца пратеници – власта и опозицијата сложно го донесоа Законот за легализација на дивоградбите. А со него во вода паѓаат – практично се амнестираат и сите до сега обвинети за бесправно градење.

Токму Членот 41 од Законот, додаден на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, предвидува да запрат сите кривични и граѓански постапки што се во тек, а се поврзани со изградба на бесправни објекти. А се запираат и сите постапки за рушење на дивоградбите.

Договорот пак власт- опозиција ги налути антикорупционерите. Велат ќе го спорат законот на Уставен суд.

 ДКСК ќе пристапи кон сериозна анализа, особено за оние одредби за кои што сметаме дека имаат елементи на корупција. И после таа анализа нашата цел ќе биде да поднесеме иницијатива до Уставниот суд да се види уставноста на донесениот закон, изјави Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК

Архитектите затечени. Велат- се добива впечаток дека државата ги генерира дивоградбите. Прашуваат кој ќе гарантира за безбедноста на објектите кои се изградени без регуларна процедура.

Јавноста на нозе.  Од граѓанската иницијатива „О2“ велат- наместо да се стави крај на урбаното дивеење и конечно решавање на проблемот со дивоградбите, се урива функционирањето на правната држава. Ќе бараат од претседателот Пендаровски, да не го потпише указот.

Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во заштитени подрачја, како национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачје на заштитено недвижно културно наследство, како и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган. Се има ли во оваа земја некое основно чувство за општо добро?“

За министерот Бочварски, пак доволно е тоа што без одобрение од министерството за животна средина нема да може да се легализират објекти во заштитени подрачја.

Министерството за транспорт нема податок колку дивоградби можат да добијат статус на легални со новото решение, кое нема временско ограничување. Немаат ниту податок за бројот на дивоградби во заштитените подрачја. Велат не водат таков регистар-тоа било обврска на општините и националните паркови. Инаку до сега се  легализирани над 260.000 дивоградби во земјава. Се калкулираше со бројка од над 160.000 пак кои чекаат легализација.

Законот предвидува легален печат да добијат и дивоградби во заштитени подрачја, како национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачје на заштитено недвижно културно наследство. Газдите за легализацијата ќе треба да платат за 50 проценти поскапи комуналии.

Сега на потег е претседателот Пендаровски, кај него на маса е новото решение на пратениците. Дали ќе го потпише указот, ќе се знае деновиве.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За изборите има пријавени 6 кандидати со само 18 години, тројца 90-годишници се борат за пратеничко место во третата изборна единица

Дејан Дејан

Македонските шуми се сечат безмилосно- од пилите на дивите сечачи годишно се оголуваат 20 до 25 илјади кубни метри

Дејан Дејан

(Видео) Пламна куќа во близина на Универзална сала

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе