Вести Македонија Топ вести

Шаленберг: Ако Скопје и Софија не можат да го решат спорот, Австрија им стои на располагање

Без оглед кога и да се случи формирањето на новата влада во Бугарија, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо. Охрабрен сум од фактот дека партиите со нагласена националистичка агенда не беа наградени од страна на бугарските гласачи, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.

-Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес. Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, вели Шаленберг на прашањето колку се реални очекувањата да ги започнеме преговорите со ЕУ за време на португалското претседателство.

Според него, важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување, а дали е потребно посредништво од трета страна, тоа вели, двете земји самите треба да го просудат.

-Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети, посочува Шаленберг.

Во однос на нон-пејперот за прекројување на границите на Балканот, кој наводно произлегол од словенечкиот премиер Јанез Јанша, првиот човек на австриската дипломатија не гледам причина за поголем коментар околу него, поради се уште нејасното авторство на документот.

-Сепак, една работа треба да биде јасна, а Австрија има цврст став околу тоа: територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина не е на располагање под никакви услови, порачува Шаленберг.

Шаленберг во интервјуто кое МИА целосно ќе го објави утре, говори и за улогата на Виена како координатор на помошта на ЕУ за Западен Балкан и најавената испорака на 651.000 дози од вакцината Бионтек/Фајзер од кои 119.600 за Северна Македонија, за ставот на Виена околу воведувањето на дигитален зелен сертификат, т.н. ковид-пасош, за процесот на дистрибуција на вакцини во самата ЕУ, како и за тоа дали Унијата падна на тестот на сопствените принципи за солидарност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе