Вести Македонија Топ вести

Продолжува состанокот на Комисијата за историски прашања

Продолжува 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн. Историчарите разговораат за учебниците за седмо одделение и ликот и делото на Гоце Делчев.
Премиерот Зоран Заев смета дека секој напредок што ќе го направи Комисијата за историски прашања ќе биде исчекор кон решение на проблемот со Софија.

Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање решение на проблемот што го имаме со Бугарија. Секоја помош од трета страна е добредојдена, изјави вчера Заев.

Премиерот посочи дека не е информиран и не може да каже кога таа е закажана.

– Комисијата е независна, тие го информираат својот ресорен министер, да им посакам само успех. Нека се одржат седниците, нека направат одреден исчекор. За мене како претседател на Влада секогаш е добродојдена  експертска помош од третата страна, затоа што сме решавале секаков вид прашања и домашни и билатерални, па дури и меѓународни. Помошта од страна е добредојдена. На крајот, двете страни во Комисијата ја носат одлуката. Некој може да сподели експертиза, искуство, алатки, начини, памет на играта на зборовите каде што може да се најдат секако двете страни. Секој исчекор на Комисијата за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница.

Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на 12-та средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.

Комисијата во 2021 година се очекува да има пет состаноци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе