Вести Македонија Топ вести

Најпопуларни градоначалници се на Кавадарци, Гостивар и Куманово

Митко Јанчев е најдобриот градоначалник во земјава. (графикон 10) Несогласувањата со раководството на неговата ВМРО ДПМНЕ не ја поматија неговата популарност, дури напротив, му донесоа добар рејтинг  од 25 одсто кај сопартијците, но и 5 одсто кај поинаку определените, односно, 10 и пол одсто популарност кај сите испитаници во анкетата на МЦМС. Сличен е  случајот и на третопласираниот, Максим Димитриевски од Куманово, кој ужива подеднаква поддршка меѓу приврзаниците на СДСМ и на опозицијата, додека меѓу нив двајца со 7 и пол одсто стои Арбен Таравари од Гостивар, кој во албанската заедница има поддршка од една четвртина испитаници. Листата продолжува со Теута Арифи од Тетово, Висар Ганиу од Чаир, Петре Шилегов од Скопје, Стефан Богоев од Карпош. За 44 градоначалници се изјасниле помалку од 1 одсто, а 14 воопшто не се споменати. И покрај тоа, 82 одсто од симпатизерите на СДСМ сметаат дека нивниот градоначалник заслужува уште еден мандат додека 87 одсто од приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ се против.

Според оваа анкета, на претстојните локални избори само за двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, ќе гласаат 44 одсто. Опозициската партија има предност од 0,8 одсто. ДУИ и натаму води меѓу албанците со 8 одсто, веднаш по неа е Алијанса со 6,2, а на оваа четворка и се доближува Левица со 5,2 одсто. Сепак, пресудни ќе бидат оние што не споменале партија: над 18 одсто ќе го поништат гласачкото ливче, а речиси 16 одсто не знаат за кого ќе гласаат или одбиваат да кажат.

Етничката припадност има влијание врз овие резултати. 31,5 одсто македонци ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, 27 одсто за СДСМ и 7,3 за Левица. Од другите заедници, за СДСМ се речиси 40 одсто а само 9 одсто за ВМРО ДПМНЕ. Кај албанската заедница, 32 одсто се за ДУИ, 24 одсто за Алијанса а над 7 одсто за некоја друга партија.

Анкетата ја спроведе М Проспект за истражувањето на МЦМС. Податоците се прибирани во телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март годинава. Анкетата е спроведена на фрепрезентативен примерок од илјада и тројца испитаници.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе