Македонија

Амбасадорката на САД Брнс: Важна е заштита на интегритетот на пасошкиот систем

Потребна е темелна истрага за комплексниот случај со злоупотребата на пасошите, стои во соопштението на американската амбасада по денешната средба на амбасадорката Кејт Мери Брнз со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Амбасадорката пред надлежниот министер ја потенцирала и „важноста на заштитата на интегритетот на системот за издавање пасоши на Северна Македонија.“  Средбата доаѓа по неколкуте полициски акции и истраги кои се извршени со помош на американски службеници и истражители. Амбасадата соопштува дека на средбата Спасосвки и Брнз се согласиле дека „е важно да се изолира овој и другите неодамнешни случаи од политиката и да се осигура независна и брза истрага“.

Во истрагата Двојник учествувал и претставник на американската амбасада со технолошка помош за препознавање на лица, додека во акцијата за заплена на марихуана на Плетвар учествуваа и агенти на ДЕА, американската служба за борба против трговија со дрога.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Tea Dimkovska

МВР: Учениците кои сакаат да се запишат во Средно полициско училиште нема потреба да се отпишуваат од нивното матично училиште

Tea Dimkovska

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе