Ковид19 Топ вести

Прилеп со најголем морталитет во земјата – за два дена починаа 11 жители на овој град

За само два дена во Прилеп починаа 11 лица   од последици на КОВИД-19. Со тоа бројката на починати во овој град се искачи на вкупо 278 и има најголем морталитет во земјава.

Вчера битката со вирусот ја изгубија 7 прилепчани,  а во вторникот четворица на возраст од 45 до 89 години.

Од прилепската болница велат дека голем дел од пациентите дошле  во лоша состојба и веднаш по приемот настапила смрт.

И бројот на заразени е во драматичен пораст, а од почетокот на март до денес има 374 новозаболени.

Се полни  капацитетот  во Прилепската болница, каде  повеќе од  половина од пациентите се со потешка клиничка слика

Од вкупниот број на капaцитет исполнети се 75 и имаме слободни 35 легла, на кислородна поддршка имаме 43 пациенти, а еден е на неинвазивна вентилација, вели директорката на Општата болница Кети Смилеска.

Освен во Прилеп, бројот на заболени расте и  во другите градови кои се жаришта на британскиот сој на вирусот, Кавадарци и Охрид, каде во првите десет дена од март има над 200 новозаболени.

Во охридската  болница дневно има по 120 амбулантски прегледи, а забрзано се полнат и болничките капацитети. Целосно е пополнета модуларната болница, но се уште има места во останатите болнички оддели.

Имаме пациенти  со потешка клиничка слика, и тоа и помлади пациенти. Најмладиот е на 35 годишна возраст, највозрасниот на повеќе од 80 години. Скоро 80 проценти се на кислород, има и на неизвазивна вентилација, така што имаме тешки пациенти и во модуларната и на Интерно одделение, вели директорот на болницата во Охрид, Горан Балески.

Охридската болница како и останатите во државата, има недостиг од медицински пероснал.

Имаме доста интернисти кои го покриваат недостигот од инфектолози кои се само тројца. Се вратија и специјализантите,  тако што  целата пандемија ја минуваме со наш персонал од Охрид, вели Балески.

Поради актуелната состојба и зголемениот број на заболени во Охрид, локалната самоуправа соопшти дека од денеска се затвора за странки и општинската зграда, а  за потребите на  граѓаните на располагање е еден шалтер, како и можноста да се обратат до службите електронски и по телефон.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо два пати годишно ќе има два пати месечно средби за западен Балкан во ЕУ, предлага премиерот

Дејан Дејан

Oслободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, судот оцени – одговорноста е кај полнолетниот возач и не може да се припише на друг

Дејан Дејан

Пратениците во „доверливост“ и без да им биде откриен идентитетот ќе се советуваат за да работат етички- со новиот Кодекс не е предвидено подарок да биде максимум 100 евра 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе