Ракомет Спорт

Лазаров: Огромен предизвик за мене, пред нас е голема одговорност

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров во иднина ќе биде на чело на селекцијата и изјави дека благодарен за укажаната доверба, потенцирајќи дека никогаш не ја одбил Македонија и дека е подготвен за сите предизвици во иднина.

“Сакам да се заблагодарам на претседателот на РФМ и на Управниот Одбор, по што без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Македонија никогаш не сум ја одбил, така е и овој пат. Пред нас е голема одговорност, работи кои треба заедно да ги направиме и се надевам на една успешна и долгорочна соработка”, истакна Лазаров.

Во следниве денови тој ќе ги соопшти членовите на стручниот штаб, а дебито ќе го има на претстојните квалификациски мечеви со Данска.

“Бидејќи се уште сме во активна сезона, со претседателот Мукаетов разговаравме многу во овој период. Ме радува што имаме слични размислувања на оваа тема. Се уште размислувам околу моите помошници кои ќе бидат дел од стручниот штаб, тоа ќе го објавам следната седмица заедно со првиот список на играчи за следните квалификациски дуели. Мојата ситуација е следна – со претседателот Мукаетов заклучивме дека јас би бил активен и како играч и во следната година како поддршка за оваа подмладена репрезентација бидејќи во тој период пред нас се големи битки во кои треба да одговориме квалитетно. Имаме стратегија според која треба да го одржиме континуитетот на големите натпреварувања. За да го одржиме тој континуитет потребна е таа моја помош и мислам дека моето присуство на натпревари кои се од непроценлива важност ќе биде неопходно”, продолжи Лазаров.

На крајот тој потенцираше дека конечната одлука околу продолжувањето на кариерата се уште не ја донел, но верува дека ќе игра уште една година.

“Се уште немам донесено одлука и за тоа треба да имам официјално информација до крајот на овој месец, дали кариерата ќе ја продолжам уште една сезона или ќе го завршам играњето ракомет оваа година. Искрено се надевам дека ќе играм уште една година, но официјалната одлука ќе ја имам до крајот на годинава”, заврши новиот селектор на националниот тим.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Марко Трајановски – европски шампион во ММА борби

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Градски за лидерско место на табелата

Дејан Дејан

Јута им се одмазди на Лејкерс, Џамал Мареј со натпревар на кариерата за Денвер (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе