Ракомет Спорт

Лазаров на чело на ракометната репрезентација

Актуелниот капитен на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров од денеска ја презема и селекторската функција во националниот тим.

Одлуката е донесена на вчерашната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација, а соопштена на денешната прес конференција.

“Денеска ја имам посебната чест и привилегија, сакам да кажам една вест што е многу важна за натамошниот развој на македонскиот ракомет. На вчерашниот состанок на УО на РФМ донесовме одлука за нов селектор – тренер на машката репрезентација да го избереме апсолутно најголемиот спортист во историјата на Македонија – Кире Лазаров. Се договоривме тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилегија да ви ја соопштам таа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет”, изјави првиот човек на федерацијата, Живко Мукаетов.

Дебито на новата функција на Лазаров ќе биде во двете соочувања со Данска во март во мечеви од квалификациите за пласман на Европското првенство.

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хименез го потврди трансферот во Милан преку социјалните мрежи (ФОТО)

Дејан Дејан

Јувентус тргнува по Озимен: Влаховиќ си заминува

Дејан Дејан

МЗТ бара нова победа, Работнички на мегдан со „фенерџијата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе