Ковид19 Македонија

КОВАКС системот информираше за првата испорака на вакцината

Ви меѓувреме од Министерството за здравство информираа дека пристигнало соопштение од КОВАКС системот во кое се утврдуваат деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја. Првата вакцина која ќе пристигне од КОВАКС е AstraZeneca, и првата количина е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Македонија се предвидени помеѓу 103.000 и 175.000 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен за вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини и од други производители и преку други механизми.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе