Ковид19 Македонија

Нови 444 заболени од Ковид-19, починати 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-209, Куманово-26, Тетово-13, Прилеп-5, Гостивар-12, Штип-8, Битола-8, Велес-26, Охрид-26, Струмица-8, Кавадарци-32, Струга-11, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Ресен-1, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Делчево-16, Пробиштип-3, Виница-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-3, Демир Капија-6 и Пехчево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти од: Скопје-497, Куманово-21, Тетово-49, Прилеп-30, Гостивар-14, Штип-8, Битола-6, Велес-10, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-47, Струга-5, Кочани-4, Кичево-11, Свети Николе-6, Гевгелија-3, Неготино-21, Дебар-20, Ресен-4, Крива Паланка-15, Радовиш-2, Берово-12, Делчево-39, Пробиштип-4, Виница-4, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-2, Крушево-3, Македонска Каменица-16, Демир Капија-8, Пехчево-3, Дојран-1.

Починати се 21 лице од кои десетмина се со датум на смрт од претходните три недели но денеска биле пријавени во ИЈЗ. Од починатите има два пациенти од Скопје (87 и 65г), еден од Куманово (75г), единаесет пациенти од Тетово (72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73г), еден од Прилеп (84г), еден пациент од Штип (78г), еден од Охрид (69г), два пациенти од Кавадарци (64 и 59г), еден пациент од Кочани (71г) и еден од Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.161, бројката на оздравени пациенти е 79.621, на починати е 2.812, а бројот на активни случаи изнесува 8.728. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 39.671, активни 4.855
  • Куманово 5.139, активни 381
  • Тетово 5.045, активни 326
  • Прилеп 4.527, активни 186
  • Гостивар 3.589, активни 218
  • Штип 3.484, активни 142
  • Битола 3.196, активни 161
  • Велес 3.037, активни 257
  • Охрид 2.749, активни 358
  • Струмица 2.514, активни 288
  • Кавадарци 2.504, активни 296
  • Струга 2.186, активни 147
  • Кочани 1.714, активни 82
  • Кичево 1.704, активни 127
  • Свети Николе 1.068, активни 30
  • Гевгелија 973, активни 95
  • Неготино 953, активни 88
  • Дебар 741, активни 88
  • Ресен 728, активни 101
  • Крива Паланка 716, активни 44
  • Радовиш 690, активни 43
  • Берово 577, активни 37
  • Делчево 575, активни 141
  • Пробиштип 503, активни 39
  • Виница 485, активни 31
  • Валандово 325, активни 12
  • Демир Хисар 243, активни 9
  • Македонски Брод 242, активни 11
  • Богданци 224, активни 29
  • Кратово 218, активни 18
  • Крушево 200, активни 26
  • Македонска Каменица 190, активни 20
  • Демир Капија 188, активни 26
  • Пехчево 181, активни 11
  • Дојран 82, активни 5

Направените 2.518 теста се преку: ИЈЗ-438, ЦЈЗ Скопје-65,  Авицена-235, Биотек-298, МАНУ -114,  Жан Митрев (Филип Втори)-110, Систина со PCR метода -202, лабораторија Лаор –138, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-40, Инфективна клиника-7, ГАК-0, Синлаб-71, Ремедика-35, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -741, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 445.795 тестирања на Ковид -19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе