Ковид19 Македонија

Нови 307 случаи на Ковид-19, 14 починати, 658 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3,  Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Берово-1, Делчево-6, Пробиштип-3, Виница-2, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-3, Крушево-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти од: Скопје-444, Куманово-13, Тетово-9, Прилеп-22, Гостивар-11, Штип-7, Велес-11, Охрид-46, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-34, Кочани-2, Свети Николе-2, Гевгелија-8, Неготино-6, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-1, Пробиштип-1, Виница-1, Македонски Брод-3, Крушево-2, Демир Капија-1, и Пехчево-2.

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.).  Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.124, бројката на оздравени пациенти е 76.045, на починати е 2.768, а бројот на активни случаи изнесува 11.311. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 39.161, активни 6.455
  • Куманово 5.079, активни 433
  • Тетово 5.007, активни 467
  • Прилеп 4.510, активни 259
  • Гостивар 3.562, активни 306
  • Штип 3.458, активни 162
  • Битола 3.185, активни 226
  • Велес 2.995, активни 311
  • Охрид 2.694, активни 349
  • Струмица 2.496, активни 362
  • Кавадарци 2.440, активни 355
  • Струга 2.165, активни 154
  • Кочани 1.704, активни 114
  • Кичево 1.689, активни 158
  • Свети Николе 1.063, активни 46
  • Гевгелија 963, активни 114
  • Неготино 949, активни 150
  • Дебар 736, активни 117
  • Ресен 720, активни 121
  • Крива Паланка 709, активни 67
  • Радовиш 683, активни 51
  • Берово 572, активни 50
  • Делчево 547, активни 162
  • Пробиштип 492, активни 37
  • Виница 481, активни 44
  • Валандово 325, активни 23
  • Демир Хисар 242, активни 14
  • Македонски Брод 240, активни 12
  • Богданци 217, активни 33
  • Кратово 213, активни 17
  • Крушево 199, активни 38
  • Македонска Каменица 190, активни 48
  • Демир Капија 180, активни 36
  • Пехчево 177, активни 13
  • Дојран 81, активни 7

Направените 1.854 теста се преку: ИЈЗ-450, ЦЈЗ Скопје-46,  Авицена-199, Биотек-193, МАНУ -79,  Жан Митрев (Филип Втори)-87, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –63, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-21, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -486, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 439.121 тестирања на Ковид -19.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе