Ковид19 Македонија

72 новозаболени и 13 починати од Ковид-19, оздравени 1.023 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4,  Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.023 оздравени пациенти од: Скопје-511, Куманово-51, Тетово-32, Прилеп-46, Гостивар-29, Штип-17, Битола-34, Велес-38, Струмица-26, Кавадарци-50, Кочани-22, Кичево-11, Свети Николе-5, Гевгелија-15, Неготино-21, Дебар-22, Ресен-3, Крива Паланка-20, Радовиш-23, Берово-9, Делчево-1, Пробиштип-3, Виница-4, Валандово-5, Македонски Брод-2, Богданци-6, Крушево-3, Демир Капија-2, Пехчево-11, Дојран-1.

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87г), три од Прилеп (69, 76 и 57г), еден пациент од Велес (51г), еден од Неготино (80г), еден од Дебар (71г), еден од Радовиш (66г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Кратово (76г).Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463, бројката на оздравени пациенти е 74.800, на починати е 2.739, а бројот на активни случаи изнесува 11.924. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 38.853, активни 7.027
  • Куманово 5.050, активни 436
  • Тетово 4.977, активни 456
  • Прилеп 4.482, активни 267
  • Гостивар 3.546, активни 316
  • Штип 3.447, активни 167
  • Битола 3.174, активни 226
  • Велес 2.970, активни 310
  • Охрид 2.664, активни 367
  • Струмица 2.479, активни 365
  • Кавадарци 2.411, активни 366
  • Струга 2.152, активни 175
  • Кочани 1.702, активни 120
  • Кичево 1.671, активни 150
  • Свети Николе 1.061, активни 48
  • Гевгелија 954, активни 116
  • Неготино 945, активни 154
  • Дебар 725, активни 106
  • Ресен 712, активни 113
  • Крива Паланка 705, активни 72
  • Радовиш 676, активни 53
  • Берово 567, активни 51
  • Делчево 538, активни 155
  • Пробиштип 482, активни 33
  • Виница 476, активни 40
  • Валандово 325, активни 24
  • Демир Хисар 241, активни 13
  • Македонски Брод 239, активни 14
  • Богданци 214, активни 32
  • Кратово 209, активни 15
  • Крушево 192, активни 33
  • Македонска Каменица 189, активни 47
  • Демир Капија 179, активни 36
  • Пехчево 175, активни 14
  • Дојран 81, активни 7

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-84, ЦЈЗ Скопје-39,  Авицена-155, Биотек-78, МАНУ -59,  Жан Митрев (Филип Втори)-89, Систина со PCR метода -100, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-27, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -75, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 435.361 тестирања на Ковид -19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе