Ковид19 Македонија Топ вести

Вевчани ги запали маските откако вчера немаскирани полицајци го растурија карневалот

Првпат среде пандемија со стриктни мерки за собирање, првпат растурен со полициски сили. Вевчанскиот карневал и оваа година дигна многу прав. Оригиналните маски поради групирање беа остранети и разделувани од немаскирани полицајци и во сини и во маскирни униформи на ЕБР. Имаше многу полициски сили што предизвика тензии кај населението, вели градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски и тврди дека инцидентот не бил голем и сериозен, а едниот приведен бил ослободен со интервенции од општината.

Зошто толку полиција во Вевчани, зошто многумина од полицајците не носеа маски и дали имало пречекорување на полициските овластувања бидејќи се гледа на снимки туркање. На овие прашања од МВР одговорија дека се расчистува случајот во Вевчани.

Полициските службеници интервенираа поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија. Меѓу другото, се анализираат снимките, но и други активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Од Хелсиншкиот комитет разгледуваат две снимки на кои се гледа дел од инцидентот и бараат сите граѓани кои имале проблеми да се пријават за да се утврдува евентуална одговорност за пречекорување на полициските овластувања. Досега нема пријава од граѓанин. Градоначалникот кој денеска беше на последниот карневалски ден кога василичарите ги палат маските повика Свети Василиј и карневалот да се остават надвор од политичките игри.

Општината ги откажа сите свои активности на карневалот бидејќи Вевчани беше сериозно погоедно од короната, но сепак и во ова време маските беа изработени, прошетани и на крај предупредувани и растерувани на растојание од големи полициски сили.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе