Ковид19 Македонија

396 новозаболени и 15 починати, оздравени 442 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти од: Скопје-229, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-14, Велес-17, Битола-11,  Кавадарци-28, Гостивар-13, Гевгелија-8, Струмица-6, Крива Паланка-9, Радовиш-4, Кочани-10, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Кратово-3,  Кичево-5, Ресен-2, Неготино-3.

Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.986, бројката на оздравени пациенти е 69.137, на починати е 2.672, а бројот на активни случаи изнесува 16.177. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 38.165, активни 9928
  • Куманово 4.951, активни 470
  • Дебар 695, активни 139
  • Штип 3.417, активни 204
  • Прилеп 4.430, активни 325
  • Тетово 4.925, активни 702
  • Струга 2.115, активни 185
  • Велес 2.908, активни 380
  • Битола 3.152, активни 371
  • Охрид 2.614, активни 425
  • Кавадарци 2.350, активни 465
  • Гостивар 3.504, активни 439
  • Гевгелија 1.234, активни 207 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 2.443, активни 453
  • Крива Паланка 697, активни 99
  • Радовиш 665, активни 76
  • Крушево 184, активни 31
  • Кочани 1.673, активни 153
  • Пробиштип 471, активни 36
  • Демир Хисар 239, активни 29
  • Македонски Брод 234, активни 15
  • Пехчево 173, активни 25
  • Берово 554, активни 65
  • Валандово 323, активни 32
  • Виница 472, активни 62
  • Делчево 708, активни 229 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 206, активни 14
  • Свети Николе 1.060, активни 71
  • Кичево 1.641, активни 191
  • Ресен 688, активни 125
  • Неготино 1.095, активни 231 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.192 теста се преку: ИЈЗ-538, ЦЈЗ Скопје-78,  Авицена-226, Биотек-180, МАНУ -108,  Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -191, лабораторија Лаор –75, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-30, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -554, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања на Ковид -19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе