Вести Македонија Топ вести

Османи ги охрабрува историчарите да го ублажат тонот

Ќе стане ли „бугарскиот фашистички окупатор„ – бугарска администрација? Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не ја отфрли идејата на бугарскиот европратеник,  Андреј Ковачев, сите плакети и споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ во Македонија да се сменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“. Напротив, ги охрабри историчарите, доколку најдат основа за ублажување на тонот и историските квалификации, тоа и да го направат.

Бугарскиот европратеник на Фејсбук иронично предложи и во Западна Македонија да се направат неколку споменици на „италијанскиот фашистички окупатор“, а темата што е можно побрзо да се дискутира и со германските власти, со цел да се покријат трошоците за замена на стотиците споменици и плакети низ цела Македонија. Но, Ковачев не е единствениот бугарски политичар кој има дополнителни барања во пресрет на усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и закажување на првата Меѓувладина конференција за старт на преговорите со ЕУ. На барање од бугарската страна, се подготвува и дополнителен анекс на Договорот за добрососедство, со кој ќе се дообјаснува дека сегашната држава нема територијални претензии на историскиот регион Македонија.

Османи е убеден дека, сепак, и покрај пречките, Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ. Својот оптимизам го темели на фактот дека, сите страни во случајов се свесни за влогот, тежината и последиците од неуспехот на овој процес.

 

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повреден сопственик на викендичка откако пожарот повторно се разгоре во Штип

Tea Dimkovska

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

Tea Dimkovska

ЕУ со нон-пејпери се подготвува за проширување – Македонија заглавена на уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе