Македонија Топ вести

Сите советници на премиерот Заев

Без Башановиќ, Обрадовиќ и Џезаир Шаќири но сеуште со Љубе Бошкоски до него. Двојно помал од претходниот со вкупно дваесет и седуммина е тимот кој е задолжен да го советува премиерот Заев за чувствителните прашања на повеќе теми и области.

Поделени се во две категории, лични сосветници и надворешни соработници.

Личните советници, кои се дваесет и тројца се со мандат до истекот на мандатот на премиерот Заев додека четворицата надворешни соработници имаат договори до крајот на годинава кои може да се продолжат.

Листата на лични советници почнува со Дане Талески чиј сектор се меѓународните односи, како и во претходниот мандат на Заев.

Истите сектори ги задржаа и Тања Чачарова Илиевска правда, Љупка Цветковска администрација, Фидан Колев транспорт и врски,Зоран Бојаровски медиуми , Ѓорги Тасев млади и спорт како и Љубе Бошкоски гуруто за странски инвестиции. Поранешната советничка за протокол Ивана Хаџиевска Кошевалиски сега го советува Заев за меѓународни односи а свежа крв во советничкиот кабинет се и Леон Бакрачевски чија задача е промоција на евроатлантските интеграции како и  Марија Мустриќ и Марија Теговска чии специјалности се економските политики одноно реформските процеси.

Платите на советниците изнедсуваат 55.268 денари освен на двајца – Милан Живковиќ кој е советник за труд и социјална политика чија плата е 60 илјади денари и на советникот за национална безбедност Зоран Верушевски кој месечно добива по 74.618 денари за своите услуги и совети.

Вкупно личните советници тежат 21 илјада евра месечно.

Четворицата надворешни советници се Нина Фити Неделковска за финансии, раде Јанковски за спречување на коруѕпција во граничното работење, Магбуле Амети за здравство и Татјана Стојаноска Иванова за образование и наука. Тие тежат 170 илјади денари месечно а договорите им истекуваат заклучно со 31 декември годинава но од кабинетот на претседателот информираат дека се со можност за продолжување.

Кабинетот, во однос на советниците и соработниците, е видно изменет од оној во 2018 година кога броеше 56 лица. Тогаш најбројни беа надворешните соработници, дури 33, меѓу кои имаше неколкумина со најблаго кажано чудни задачи како онаа на Силвио Аврамовски кој требаше да ја развива соработката за државите во регионот на Кавказ и Филип Андов чија специјалност беа посебните политики за Град Скопје.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе