Македонија

Менталното здравје во време на пандемија

Родителите се чувствуваат немоќни да влијаат на своите деца кои се адолесценти  и секојдневно се групираат и дружат до доцните ноќни часови. Сега најчести се нивните повици на Универзитетската клиники за психијатрија и тоа говори дека веројатно треба да се работи на подигање на свеста кај младите за опасноста на вирусот, бидејќи тие и најчесто го пренесуваат.

 “Се јавуваат родителите кои не знаат да се снајдат во ваква криза и имаат проблем со однесувањето на младите, група која најмногу се јавува. Во почетокот на кризата се јавуваа оние кои беа најпогодени од карантинот. Стари лица кои беа уплашени и за своето соматско здравје бидејќи нив им е потребно и да излезат и да прошетаат, социјалните релации им беа прекинати. Многу луѓе не си ги гледаа своите родители, ги намалија своите релации и контакти поради превенција од Корона вирусот” – изјави за Телма, директорот на клиника за психијатрија, Стојан Бајрактаров.

За најмладите пак можеби пристапот треба да биде поинаков, смета Гашевска.

 “Би советувала да не се оптоваруваат многу децата со статистички податоци со кои сме веќе оптоварени и да им се свртува внимание во друга насока во некои креативни игри, во читање книги. Сега почна и учебната година посветување на учењето, помалку на места каде се говори за оваа пандемија дека тоа е товар за нив” – вели психологот Маргарита Гашевска.

Во меѓувреме над 6000 светски научници се обединија во своите ставови дека треба да се ревидираат некои мерки, бидејќи резултираат со последици врз здравјето.

Според Бајрактаров треба да се направи проценка доколку беа успешни карантинските мерки би се согласил да бидат така драматични како што беа и во првиот бран.

“Меѓутоа на подолг период тоа е неиздржливо и непрактично ниту за стилот на живеење, исто како што потенцираат нашите здравствени власти, епидемиолозите и министерот дека ние треба да научиме да живееме со ова,

не можеме да се затвориме дома и да го стопираме нашето живеење” – оцени директорот на клиниката за психијатрија, Стојан Бајрактаров.

Илјадници научници и здравствени експерти се приклучија на глобално движење со предупредување дека политиката на карантин може да има разорно влијание врз здравјето на луѓето.

Тие повикуваат да се заштитат ранливите категории додека здравите луѓе да продолжат нормално да функционираат.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео ) Ги криел под седиште пурите вредни четири илјади евра, царина му ги заплени

Kristina Kuzmanovski

КОД: Цената на следењето и прислушувањето, вредноста на посебните истражни мерки

Дејан Дејан

Исмаил: Зошто Божиновска го крие Меморандумот со кој се фалеше од Вашингтон?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе