Вести Македонија

Катица Јанева си прави доверливи документи и од домашен притвор во Гевгелија

Во денешниот извештај на ДЗР за платите и надоместоците кои се делени во СЈО, а според ревизорскиот извештај околу 4,6 милиони евра се исплатени како додатоци за тајност но без законска поткрепа, објавен е и одговорот кој Јанева како одговорно лице на веќе згаснатаото СЈО го доставила како забелешка.

Државниот завод за ревизија го објавил и овој допис на Јанева испратен од Гевгелија во која таа тврди дека додатоците се делени легално согласно специјалниот закон за СЈО и членот 6 од законот.

Плати редовни, додатоци во СЈО дупли- Јанева за ивештајот на ДЗР вели: пораката е да се сотре борба против функционерска корупција

На врвот на своите забелешки поранешната специјална обвинителка ставила дека станува збор за класифицирана информација, односно пишала доверливо. Јанева во моментот на пишувањето на забелешките се наоѓа во домашен притвор во Гевгелија, каде е и сега по определената мерка за обезбедување, откако првостепено е осудена на 7 години за случајот Рекет.

Таа денеска во домашен притвор ја дозна казната за екс премиерот бегалец Никола Груевски за кого во предметот Шамари во Центар судот изрече казна од 1,5 година затвор. Ова е втора пресуда за Груевски по предмети на СЈО, иако тој е во азил и во бегство во Будимпешта.

Како шефица и раководител на СЈО Јанева имаше апсолутна и неограничена независнот, а врз основа на доверливи договори определи месечни надоместоци за тајност за сите во СЈО кои имале пристап до снимените разговори (ткнр. Бомби). Но таа веќе е разрешена и од обвинителска позиција и веќе нема никаква можност да прогласува сопствени документи за доверливи, како што направила во јули оваа година.

За извештајот на ДЗР во својата писмена забелешка Јанева наведува дека е порака за сите оние што се борат против криминалот на највисоките функционерски позиции бидејќи отпосле се реагира на нешто што со години било редовна и некритикувана појава.

-Дали пораката која на ваков начин се испраќа е: повеќе никој и никогаш во оваа држава да не се занимава со гонење на висока корупција, на начин како што го правев јас и СЈО, бидејќи на крајот, се ќе биде предмет на преиспитување, како што се случува сега, пост-фестум?- стои во одговорот на поранешната специјална обвинителка и осудена во случајот Рекет, Катица Јанева.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе