Свет Топ вести

Азербејџан: Стотици загинати ерменски војници

Ерменските вооружени сили во судирите во Нагорно-Карабах претрпеа големи загуби – најмалку 550 лица се убиени и ранети, објави Спутник Азербејџан, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Според соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана, ерменските вооружени сили загубиле 22 оклопни возила, 15 системи за противвоздушна одбрана, 18 беспилотни летала, осум артилериски единици и три складишта за муниција.

Претходно, ерменскиот министер за одбрана Рафи Хованисијан изјави дека Баку загубил околу 200 војници, како и околу 30 тенкови и оклопни возила.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Степанјан, исто така, објави за своите загуби, дека се убиени 16 лица и над 100 ранети, а претседателот на непризнатата Република Нагорно-Карабах пријави десетици убиени и ранети.

Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтот. Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека Карабах бил „подложен на воздушни и ракетни напади“ од Азербејџан. Баку тврди дека ерменските сили први отвориле оган, а азербејџанските трупи започнале со контраофанзива.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и голем број светски лидери ги повикаа двете земји веднаш да ги прекинат воените дејства.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо два пати годишно ќе има два пати месечно средби за западен Балкан во ЕУ, предлага премиерот

Дејан Дејан

Oслободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, судот оцени – одговорноста е кај полнолетниот возач и не може да се припише на друг

Дејан Дејан

Пратениците во „доверливост“ и без да им биде откриен идентитетот ќе се советуваат за да работат етички- со новиот Кодекс не е предвидено подарок да биде максимум 100 евра 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе