Економија

Цената на бензините останува иста

Цените на нафтените деривати остануваат исти во следните седум дена. Единствено се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на мазутот е зголемува за 0,355 ден/кг и таа од полноќ ќе изнесува 25,666ден/кг.

– Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 1,89 проценти, на дизелот за 0,718 проценти,на екстра лесното масло за 0,349 проценти, додека кај мазутот има зголемување за 0,858 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,009 проценти. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 0,28 проценти, појаснува Регулаторната комисија за енергетика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов бран поскапувања, превозот и храната со најголем скок на цените

Дејан Дејан

Трошоците за живот повисоки за околу 5 отсто, најмногу поскапеле транспортот и храната

Дејан Дејан

„Бизнис објектив“: Од мал погон до голем извозник – успешна приказна на македонска фабрика

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе