Македонија

Тетово и Гостивар се соочуваат со зголемен број бездомни кучиња

Неколку бездомни кучиња постојано се на тротоарите пред куќите во близина на Општината во Тетово. Семејствата кои живеат тука, стравуваат за нивната безбедност. Се жалат дека кучињата не ретко се аргесивни, особено во вечерните часови, а дополниетно немаат мир од нивниот лаеж.  Се обратиле до Општината , но немаат одговор.

Жителите на Тетово потенцираат дека овој проблем е актуелен речиси во сите населби.

Од Општината велат дека од пред извесно време работи стационарот во кој се кастрираат и вакцинираат кучињата, но според нив бројот е зголемен затоа што се носат од други населени места, а што ќе побараат асистенција од полицијата.

Со истиот проблем се соочуваат и гостиварци. Градските улици се полнат со кучиња скитници, а граѓаните стравуваат од напади. Работата на стационарите за третман на кучињата е на пауза, поради пандемијата и изборите.

Од гостиварската локална самоуправа дел од проблемот го лоцираат и во носењето на кучиња од други градови, што според нив треба да го спречи полицијата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова ограда за заштита на градилиштето кое проголта тротоар

Tea Dimkovska

Oслободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, судот оцени – одговорноста е кај полнолетниот возач и не може да се припише на друг

Дејан Дејан

Пратениците во „доверливост“ и без да им биде откриен идентитетот ќе се советуваат за да работат етички- со новиот Кодекс не е предвидено подарок да биде максимум 100 евра 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе