Свет Топ вести

ЦИА: Путин веројатно ги насочува руските напори за дискредитирање на Џо Бајден

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во август направила проценка дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите најблиски соработници „најверојатно ќе ги насочат операциите на руското влијание“ со цел да му се заканат на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден за време на изборите во ноември, пишува „Вашингтон пост“.

„Нашата проценка е дека претседателот Владимир Путин и највисоките руски функционери се сретнале и веројатно ги насочиле руските операции на влијание кон оцрнување на поранешниот американски потпретседател (Џо Бајден),  поддршката за актуелниот американски претседател (Доналд Трамп) и поттикнување јавен раздор пред изборите во САД во ноември“, наведува весникот дека пишува во првиот ред од проценката на агенцијата.

„Вашингтон пост“,  повикувајќи се на два неименувани извори кои го разгледале документот, додава дека ЦИА ја направила проценката на 31 август, врз основа на податоците на Националната агенција за безбедност и ФБИ, користејќи јавни и тајни разузнавачки извори.

Тој, исто така, наведува дека, иако американските разузнавачки служби јавно ја обвинија Русија за активно мешање во изборите во 2020 година, агенциите не дадоа никаква проценка за евентуалното учество на Путин.

ЦИА и Кабинетот на директорот на националното разузнавање одбија да ги коментираат тврдењата на „Вашингтон пост“, како и на Агенцијата за национална безбедност и ФБИ, кои контактираа со Си-Ен-Ен.

Поранешниот офицер на ЦИА, Даглас Лондон, за Си-Ен-Ен изјави дека кога агенцијата го користи зборот „веројатно“, во ваков случај за прашање од големо значење, тоа покажува дека нејзините аналитичари се доволно сигурни „за да ја стават својата репутација на отстрел“ и изјават такво нешто.

САД во 2017 година го обвинија Путин дека ги насочил сите напори да се меша во претседателските избори во 2016 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Москва тврди дека уништила над 50 украински дронови, нападите предизвикаа пожари во руските електрани

Дејан Дејан

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

Дејан Дејан

Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе