Македонија

Нови кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ

Прва задача на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа кадровските промени во партијата. Тимчо Муцунски и Влатко Ѓорчев се именувани за меѓународни секретари, Владимир Нелоски за претседател на градскиот комитет Скопје а Иванка Василевска е назначена за координатор на централните комисии. Распишан е оглас и за избор на нови претседатели на 15 општински комитети.

Од партијата велат дека кадровските освежувања и доекипирања ќе продолжат и во периодот кој следи со цел да се урне актуелната власт.

За СДСМ со кадровските промени наместо демократизација, лидерот на партијата Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ. Како неетички и демократски преседан го оценија  именувањето на полковникот Драган Ковачки за член на Извршниот комитет.

И покрај неприфаќањето на предлогот за свикување вонреден конгрес, иницијативниот одбор за промени најави дека деновиве ќе го мобилизира членството и ќе побара конгресот да се свика најдоцна до крајот на годината.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе