Македонија

Одложено судењето на Нефи Усеини, брат му не дојде на суд

Советникот од ДУИ во охридскиот совет  и бизнисмен, Нефи Усеини, денеска седна на обвинителна клупа во судот во Охрид, но само по 15 минути  судијата Милчо Клишески го одложи главниот претрес за 26 октомври, затоа што во судницата не се појави Ибрахим Усеини, брат на Нефи.

Одбраната рече дека нему  утрово му се влошила здравствената сосотојба, па во 9 часот се јавил на преглед во Кардиолошкиот центар во Охрид. Браќата се обвинети за кривичното дело насилство,  по пријава на  Спиро Топалоски, затоа што физички го нападнале на 18 август пред охридски  хотел.

На првото судско рочиште не се појави ниту оштетениот Топалоски кој е и главен сведок, а одбраната  образложи дека тој не дошол на судењето затоа што немало кој да ги чува неговите малолетни деца, а неговата сопруга работи во градинка и не може да отуствува од работа

-Во случајот станува збор за кривично дело кое  е загрозување на нечија несигурност, предизвикување на страва, но не е во доменот на тешки кривични дела во кои што може да има тешка телесна последица или сметна последица. Казната е од 6  месеци   до 5 години, а оваа квалификација и оваа казна следува затоа што делото е сторено во група од двајца,   изјави Димитрија Цобоски, адвокат на Нефи Усеини.

Веднаш по настанот Топаловски ја промени првичната изјава дека Усеини му се заканувале со пиштол, па рече дека само добил таков впечаток, а оружје немало. Одбраната на Усеини вели  дека оштетениот не дал такава изјава пред обвинител па нема ниту такво обвинеие, а за Нефи не се водат други кривични постапки.

-Против Нефи ова  е една кривична постапка која што е во моментот. Други кривични постапки нема, завршени се, односно тој е неосудуван, бидејќи има решение за бришење на казни, така што има статус на неосудувано лице, вели Цобоски.

По инцидентот браќата Усеини една недела беа недостапни за полицијата, по што сами се пријавија и  беа во притвор 16 дена. Судот не го одбри првото барање да се браната од слобода со гаранција од 30 илјади евра, но пред десетина дена ја прифати гаранцијата од  850 илјади евра колку што понудија Нефи и Ибрахим Усеини заедно.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Со измени на деловникот Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока по година до две

Дејан Дејан

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе