Македонија

Украден мртовец од струмичката болница

Утрово се случила вистинска драма во струмичката општа болница. Група струмичани украле мртовец од инфективна амбуланта.
Настанот се случил за кусо време откако човекот бил примен во амбулантата во тешка состојба. утрото околу 9 часот ќерката и сопругата на починатиот го донеле 49-годишен маж со отежнато дишење.
Според директорот на болницата, Наќе Гогов, човекот за кусо време починал. Само неколку минути подоцна, вработените биле сведоци на несекојдневна случка.
Дваесетина луѓе го изнеле мртовецот со болничкиот кревет и го однеле со сопствено комби.
Сузана Мицева
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе