Вести Македонија Најважни

Нов инцидент во струмичката болница, почина деветмесечно бебе

Попладнево околу 16 часот на детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно бебе од село Банско, а со правовремена интервенција на полицијата е спречен инцидент, откако еден од роднините на детето бурно реагирал обвинувајќи ги лекарите за смртта на детето, изјави директорот на болницата, д-р Наќе Гогов.

  • Детето во болницата било донесено во многу тешка состојба со бронхопневмонија. Лекарите веднаш му дале терапија, за да го испратат на Детската Клиника во Скопје, но пред да го испратат на ренген снимање на белите дробови, детето престанало да дише на патот кон одделението за рентген, поточно во лифтот . Докторите 20 минути го реанимирале, но безуспешно, вели за ТЕЛМА, д-р Наќе Гогов.

Дедото на бебето почна да вика по докторите и да ги обвинува за смртта на внучето, по што обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент.

  • Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира како што не треба, рече д-р Гогов.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе