Македонија

Апелација одлучува за правосилноста на Статутот на ВМРО ДПМНЕ

Новиот статут на ВМРО ДПМНЕ не е правосилен, тврди група партиски членови која бара вонреден конгрес и смена на лидерот Христијан Мицкоски. Сметаат дека сите одлуки што ќе бидат донесени според овој статут, со датум од јули годинава, нема да бидат легитимни, се додека не се изјасни Апелацискиот суд.

Групата поранешни пратеници, градоначалници и други функционери од ВМРО ДПМНЕ бара Мицкоски да понесе одговорност за изборните резултати и вонреден конгрес за избор на нов лидер.

Според Статутот, вонреден конгрес може да свика претседателот на партијата или половина од членовите на Централниот комитет. Во него, покрај претседателот, потпретседателите и генералниот секретар, членуваат претседатели на општински комитети, членови на униите на млади сили и на жени, првите луѓе на ветераните и на задграничните комитети и други. Во сите овие партиски тела, веќе се направени кадровски промени или во тек е избор на нови кадри.

Од партијата велат дека новиот Статут е легитимно донесен и објавен во Службен весник. „Хотелската коалиција, велат, се уште нема поднесено иницијатива до партиските органи и тела, а нема ниту една критика за актуелната власт на Заев, кому му служат. Или овие луѓе не живеат лошо или и официјално прифаќаат да му слугуваат на Заев“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе