Код Македонија

КОД: Случај Хршум во Центар и К.Вода- има дивоградби, има измамени граѓани, има и легализација, ама нема одговорност

Вечерва на Телма е првото издание на КОД во новата сезона. Тема на емисијата се дивоградбите. Во општините Центар и Кисела Вода веќе две децении се одвива градежна измама, а оштетените граѓани го обвинуваат инвеститорот Вељко Хршум. Иако за неговите градби надвор од урбанистичките планови имало и ревизии во општините, досега немало никаква одлука и реакција на надлежните. Општина Центар повторно прави ревизија на градежниот бум на Хршум и најавува дека откритијата за легализиација на дивоградбите ќе ги даде на Јавното обвинителство, а во меѓувреме случајот стаса и до Антикорупциска комисија.

За легализираните дивоградби на  Хршум  предмет отворила и Антикорупциската Комисија. Горан Трпеновски по втор пат се среќава со предмети на Хршум- порано како новинар сега како антикорупционер.

Тогаш инвеститорот Хршум дури ја посетувал редакцијата на Вест и се заканувал на новинарите, објаснува Трпеновски.

Сега Трпеновски заедно со неговите колеги ке истражуваат на кој начин се легализирани градбите, дали има општински службеници или инспектори кои му давале документација нелегално како што своевремено тврдеше и градоначалникот Џорџе Арсов.

Дали се издавани дозволи за градба под притисок на некои моќници поврзани со Хршум и зошто не се спречени на време дивоградбите кога за некои од нив и судот бара ревизија?

Во документите доставени во ДКСК има сомневања за нелегални активности, вели Трпеновски во изјава за КОД.

Антикорупциска се обратила и до Општина Центар и до другите институции да бараат одговор како успеал Хршум како инвеститор да легализира толку метри кавдратни а се уште има спорови и со станари кои од него купиле стан но и со оние кои му отстапиле плац или имот за да градат како соинвеститори, а во секој момент можат да останат на улица.

Претходниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски на засегнатите граѓани кои бараа правда им ветувал дека ќе се направи ревизија, но засега ДКСК не можела да утврди дека има ревизија на она што општинските служби го правеле со дивоградбите.

Но не се само градбите проблем . Дел од оние кои се свелиле во стабновите се жалат дека иако склучиле предоговор , или договор за купородажба на стан се уште се под притиосок на Хршум. Не сакајќи да зборуваат пред камерата на КОД тие поднеле доклументи во Антикорупциската комисија а се обратиле и до Општината.

Во КОД вечерва (19:15 на ТВ Телма) и за случајот со Мавровка, до каде е истрагата и изјава од архитектот на овој трговски центар кој тврди дека никогаш во последните две децении не бил консултиран за измените на неговото дело и за уцртување на нови парцели и дивоградби во единствената парцела на овој трговски центар.

Снежана Лупевска Созен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филмска несреќа на железничка пруга во Велес-Градско: Возило излетало, па се заглавило на пругата, пожарникари и полиција се бореле да ги извлечат патниците

Дејан Дејан

ДЗР: Додаток за прекувремена работа ретко се исплаќа, а додаток за прилагодување на пазарот на труд не се исплаќа

Дејан Дејан

Миле Јанакиески денеска излегува од затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе