Вести Македонија Топ вести

„Јасни се нашите црвени линии“ и порачал Османи на Захариева

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија разговарале околу последните случувања и најавите од бугарската страна дека ќе ја блокира земјава во Европската унија.

Без да прецизира кога комуницирал со колешката Захариева, Османи изјави дека и ги кажал македонските „црвени линии“, а за меморандумот на Бугарија до земјите членки на Унијата искоментира дека отстапува од рамките на Договорот за добрососедство.

Двајцата министри за надворешни, се договориле да се засили комуникацијата помеѓу двете земји и тоа на највисоко ниво.

„Обврските коишто прозилегуваат од Договорот, она што е продукт од работата на Комисиите во наоѓање на заедничи на одбележување на историски фигури и начин на интерпретирање на историски епохи, тоа е обврска која што е преземена и треба да продолжи, вклучувајќи го и прашањето за Гоце Делчев. Имав комуникација и ги отворивме и овие прашања и јасно ги искажав и моите ставови. Јас сум убеден дека пристапот е интензивирање на комуникацијата“ изјави министерот за надворешни работи, бујар Османи. 

Министерот за надворешни работи на прес-конференција се осврна и на приоритетите на неговото министерство во мандатот на новата Влада.

Добрососедските односи се на врвот на приоритетната листа. Се најавува и отворање на шест нови гранични премини со соседите.

Од Македонија да започне дебалканизацијата на регионот, а преговорите со ЕУ да донесат политичка стабилност за да може фокусот да биде ставен на економскиот напредок – во ваков правец властите најавуваат дека ќе ја водат надворешната политика.

„Навистина е логично во претстојниот мандат не само да ги задржиме туку и да ги интезивираме релациите, да ја засилиме комуникацијата буквално со сите соседи и да си зацврстиме темелите на кои ќе го изградиме нашето стабилно и долгорочно пријателство“ вели Османи. 

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ – меморандумот на Бугарија до земјите членки на ЕУ да се разговара и во Собранието, Османи порача дека е отворен за комуникација со опозицијата, но нема да дозволи неговото министерство да биде основа за собирање дневнополитички поени.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

(ФОТО) Тензично во бегалскиот камп Нур Шамс, во израелски напад загинаа најмалку четири лица

Дејан Дејан

Габер – Дамјановска: Ја чекаме одлуката на ДКСК и ќе поднесеме тужба до Управен

Дејан Дејан

ВМРО ДПМНЕ повикува на обединување на опозицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе