Вести Македонија

Заразени со корона вирус доктори од Торакална хирургија

Двајца лекари од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, еден хирург и неговиот син, се позитивни на Ковид-19. Ова за Телма го потврди директорот на установата доктор Неџати Јакупи и дополнително информираше дека нема други лица заразени со вирусот од неговата Клиника. Целиот персонал од смената во којашто работеле двајцата лекари сега е испратен во домашна изолација, а Клиниката работи непречено, бидејќи персоналот се ротира па оние коишто не биле во контакт со заболените ги покриваат работните задачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе