Македонија

Нефи Усеини излезе од притвор

Советникот на ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат излегоа од притвор. Од охридскиот суд за Телма официјално потврдија дека двајцата браќа ќе се бранат од слобода со гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра. Обвинителството дало позитивно мислење а кривичниот совет на охридскиот суд вчера ја прифатило гаранцијата, и ставена е хипотека на деловниот простор во  што го понудиле браќата велат од судот. Станува збор за дуќан со вкупна површина од над 200 метри квадратни во новоизградена зграда во Охрид.

Од обвинителството објаснуваат дека дале позитивно мислење за браќата да излезат од притвор  имајки ја предвид фазата во која се наога предметот,  собрани докази и поднесено обвинение,  како и висината на гаранцијата.

Претходно одраната нудеше гаранција во кеш од 30 илјади евра за да им биде заменет притворот, но иако охридскиот суд прифати, битолска апелација го укина ваквото решение.

На 22 септември е закажано судењето за насилство.

Според обвинението, браќата го повикале оштетениот на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топаловски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.

“На еден од обвинетите од пантолоните му испаднал  тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите  во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол.  По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот” – соопшти ОЈО Охрид.

На овој начин извршиле грубо насилство врз жртвата а кај присутните гости и вработени во хотелот предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од обвинителството

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе