Најважни Свет

По пожарот во Мориа средба Мицотакис – Макрон

Солидарност од Франција за Грција по пожарот во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, изрази доцна синоќа францускиот претседател Емануел Макрон преку „Фејсбук“, само неколку часа пред средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Корзика, јави дописничката на МИА од Атина.

-Пожарот во бегалски камп на Лезбос е уште една дополнителна драма за бегалците кои веќе се наоѓаат во лоша ситуација. Франција уште еднаш ќе изрази солидарност за Грција, напиша Макрон на грчки јазик на „Фејсбук“ и додаде дека денеска ќе се види со Кирјакос Мицотакис.

Францускиот претседател на маргините на Самитот на седумте медитерански земји од Европската унија, што денеска се одржува на Корзика, ќе се сретне со грчкиот премиер.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите во понеделникот рече дека Мицотакис и  Макрон ќе дискутираат „за случувањата во Источниот Медитеран, за турската провокација, но и прашањата за билатералната соработка во областа на одбраната“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе