Македонија Топ вести

Полицајци „дошепнуваат“ детали за акции на сомнителни структури, тврди Спасовски

Како да се исфрли човечкиот фактор познат по прогледување низ прсти на прекршителите на законот. Ова е една од 21 точка во мандатното писмо кое Спасовски го доби од Заев, а предвидено е вградување на нов систем од камери на градските улици и дигитализирање на казнените постапки за да се спрели врската која често ја имаат полицајците со криминалците.

Полицајци комуницираат со сомнителни структури и ги известуваат за определени акции, ова јавно раширена тајна ја потврди и министерот за внатрешни работи кој по 4-ти пат ја добива оваа позиција. Поради тоа мора да се намалува човечкиот фактор во одлучувањето за казни, рече  Спасовски кој тоа го објаснува со примери за дошепнување од полицајци до сомнителните.

Откако јавноста е шокирана за благите судски казни за тешки сообраќајни несреќи со човечки жртви и брзото ризично возење по улиците, сега МВР планира да воведе нов систем од камери за контрола на сообраќајот. Прекршителите и опасните возачи да добијат заслужени казни е целта на системот.

Точката со нов систем за снимање и казнување на сообраќајни прекршоци како и заштита на податоците од камерите за да не се злоупотребат е една од вкупно 21 точки напишани во мандатното писмо кое му го врачи премиерот Заев на Спасовски. Во мандатното писмо се наведени и општи очекувања како борба против организиран криминал и корупција, но и детални барања- како да се заврши зградата на крим-полиција и форензика, да се стави во функција бетонскиот систем во облик на прстен кај Прилеп кој ќе биде резервна база на поадтоци на МВР, а се бара и завршување на проектот и на границите да може дигитално да се читаат регистрациите. Оценката и заклучокот од сработеното ќе се врши за 100 дена, пред Нова Година, после што се можни промени – стои во мандатното писмо.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Британскиот премиер Стармер, без да го именува Џ.Д Венс, ги критикуваше „луѓето кои се мешаат во нашата демократија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе